Русија почнува големи воени маневри далеку од линиите на фронтот во Украина

Русија денеска почнува големи воени маневри „Восток 2022“, со учество на над 50.000 војници, додека војната со соседна Украина продолжува, јави ДПА.
Предвидено е вежбата да трае речиси една недела и ќе се спроведува на истокот од земјата, илјадници километри од борбените линии во Украина. Руското Министерство за одбрана појасни дека меѓу земјите учеснички се Кина, Индија, Монголија, заедно со дел поранешни советски републики, вклучувајќи ја руската сојузничка Белорусија. Како што информираше Москва, во „Восток 2022“ ќе учествуваат 5.000 воени возила, 140 авиони, 60 воени бродови и други распоредени бродови.
Маневрите се одржуваат во источен Сибир, далечниот исток на Русија и во Јапонското Море. Индија продолжи да ја истакнува својата неутралност во ставот за војната во Украина од руската инвазија. Земјата тврди дека одржува добри односи и со западните земји и со Москва, додава ДПА.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
