Прв уписен рок на УКИМ за академската 2022/2023 година
– На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование.
На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. За оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување беше на 25 и 26 август, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.
Според Конкурсот за запишување на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места.
Од нив, 5306 места се за редовни студенти во државната квота кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
