Во јануари во Германија пристигнале над 91.000 бегалци
Повеќе од 91.000 нови баратели на азил се регистрирани во Германија во текот на јануари, информираше денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Како што јави допсиникот на МИА од Берли, според официјалните информации минатиот месец во Германија влегле 91.671 бегалец, што е за речиси 36.000 луѓе помалку од декември 2015 година, кога во државата пристигнале 127.320 баратели на азил, но оваа бројка сепак е многу повисока од очекуваната за зимскиот период.
Германија, која има 82 милиони жители, во последниве 12 месеци прими речиси 1,1 милиони баратели на азил, што е повеќе од сите други европски земји заедно.
Трендот не може значително да биде променет ниту со новите мерки за прием на бегалци, ниту со најавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека сите бегалци од Сирија и Ирак ќе мораат да се. вратат дома штом завршат конфликтите во нивните земји.
Сиријците и Ирачаните се најголеми етнички групи меѓу барателите на азил - Сиријци 35,822, а Ирачани и Авганистанци по 18 илјади, но зголемен е и приливот на бегалци од Северна Африка иако сега немаат никакви шанси за добивање азил.
Речиси никави шанси за добивање азил немаат ниту азилантите од балканските земји, кои сега се сметаат за безбедни.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип