Борис Џонсон: Камерон го направи најдоброто од една лоша работа
Градоначалникот на Лондон и британски пратеник Борис Џонсон изрази незадоволство од тоа како е „склопен“ нацрт-договорот со Брисел околу реформирањето на ЕУ што го бара Велика Британија.
- Премиерот (Дејвид) Камерон го направи најдоброто во една лоша работа, изјави Џонсон во обраќањето во британскиот Парламент, алудирајќи дека Велика Британија не го добила она што во основа го сака, но сепак добива повеќе од она што го имаше досега.
Актуелниот лондонски градоначалник се приклучи кон групата во Конзервативната партија која заговара напуштање на ЕУ, па се очекува тој да биде дел од кампањата на евроскептиците на референдумот за иднината на Велика Британија во Унијата.
Џонсон во еден период беше лојален сојузник на Камерон, но сега важи за сериозен кандидат за негов наследник на лидерската функција.
Аналитичарите сметаат дека со критиките и осудата на новиот договор меѓу Лондон и Брисел, Џонсон ја покажува неговата намера да ги привлече кон себе евроскептиците и антиевропските политичари во ториевските редови, кога ќе дојде време да се избира наследник на актуелниот лидер.
Џонсон смета дека договорот на Камерон со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск треба да се доработува „за да стане добар за Британија“.
Според него, она што и треба на Велика Британија е да може да ги блокира одлуките на Европската комисија без да бара согласност за тоа од другите земји-членки на ЕУ.
Во денешната дебата во Долниот дом на Парламентот во Лондон околу текстот на нацрт-договорот со Брисел, Камерон рече дека тој овозможува враќање на овластувањата што еднаш и се префрлени на Европската комисија.
- Не тврдам дека ова е перфектно, а не велам ниту дека ЕУ ќе биде перфектна, затоа што секако нема да биде, но дали британската позиција со овој договор е посилна и подобра. Јас велам секако е, рече британскиот премиер Камерон.
Ново на Сител
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија
-
Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск
-
Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистичка Германија
-
Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот