Македонија
8. July 2022 - 17:06

Пожар настанал во повеќе автомобили во Скопје

На 07.07.2022 во 06.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М.(55) од Скопје, настанал пожар во патничко возило „рено канго“, возило „фолксваген кеди“, возило „фиат добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.