Пожарот во Атина сè уште не е ставен под контрола – материјална штета и евакуирани жители
Пожарот што попладнево избувна во подножјето на планината Имитос во Атина и брзо од една, се прошири кон друга населба во јужниот дел на градот, сè уште не е ставен под контрола. Зголемен е бројот на пожарникари кои интервенираат и од копно и од воздух, а превентивно се евакуираат жители, децата сместени во Детските села СОС, како и Дом за стари лица, што се во близина на пожарот, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на општината каде што е пожарот Григорис Константелос, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека одлуката за евакуација е превентивна.
Според грчките медиуми, две повозрасни лица со проблеми со дишењето биле пренесени во болница и им била пружена прва помош, а изгорени се неколку куќи, иако сè уште не е позната големината на материјалната штета од пожарот.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека во пожарот интервенираат 102 пожарникари со три пешадиски тима, 30 возила, шест авиони и пет хеликоптери, од кој еден за координација.
Додаде дека во Атина пристигнуваат пожарникари од Пелопонез, од западна и централна Грција, а помагаат и војската со еден хеликоптер, полицијата со 250 полицајци со 25 мотори и десет патролни возила, како и огромен број волонтери пожарникари, но и цистерни од општините.
Претпладнево преку бројот 112 за итни случаи, поради големиот пожар Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција побара од жителите на атинската населба Ано Вулас во јужниот дел на градот да се евакуираат.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица