Лидерите на ЕУ денеска за иднината на европската заедничка одбрана
Вториот ден од вонредниот лидерски состанок на ЕУ во голем дел ќе биде посветен на иднината на заедничката одбрана на ЕУ, но и безбедноста на храната во контекстот на војната во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, утрово изјави дека е важно Европската Унија да стане воена сила во светот, но и земјите членки да ги зголемат своите воени буџети за таа цел.
– Денеска ќе разговараме како да ја подобриме одбраната, одбраната е надлежност на земјите членки, и земјите ја создадоа Агенцијата за европска одбрана, чија цел е да разгледа како да се подобри перформансот, треба да направиме повеќе, и треба заедно да го правиме тоа, рече утрово Борел, кој е и претседател на Европската агенција за одбрана.
Лидерите на земјите членки ќе разговараат за зголемување на буџетот за одбраната, но и како тоа да го сторат за да ги пополнат дупките каде што ги има, без притоа да се појава дупликати каде што не се потребни.
– Треба да ги зголемиме расходите на координиран начин, и тоа не е лесно затоа што војската е срцето на суверенитетот, и спојувањето на војските ќе бара голема вештина, изјави шефот на ЕУ дипломатијата.
За Борел војната во Украина покажала дека Европската Унија не може само да се занимава со трговија и владеење на правото, туку дека треба да стане воена сила во светот, рече тој пред новинарите утрово.
Првиот дипломат на ЕУ го поздрави договорот постигнат вчера на лидерско ниво за ембарго врз 90 отсто од руската нафта, со исклучок за земјите од југоистокот кои немаат излез на море. Борел смета дека ЕУ успеала да го сочува своето единство, иако критиките веќе се множат во ЕУ дека нецелосно ембарго не е ембарго.
Некои шефови на држави и влади денеска ќе го покренат прашањето и за седмиот пакет на санкции против Русија, сега откако шестиот е усогласен во делот на нафтата. Шансите гасот да се најде во седмиот пакет санкции на ЕУ меѓутоа се многу мали, а Русија од своја страна веќе почна да го користи гасот за да ги казнува западните земји.
На денешната седница на Европскиот Совет ќе се обрати и претседателот на Сенегал, Маки Сал, во рамките на дискусијата за прехранбената безбедност во контекстот на војната во Украина. Целиот свет, а посебно најсиромашните земји во Африка, се загрозени поради недостатокот од залихи на житарици и зголемувањето на нивните цени поради војната во Украина.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога