Најмалку 33 бегалци се удавија во Егејското Море, 75 спасени
Најмалку 33 бегалци се удавија, додека 75 се спасени кога нивниот брод потонал во Егејското Море додека се обидувале да пристигнат од Турција во Грција, јавија турски медиуми.
Меѓу загинатите има и најмалку пет деца.
Припадници на турската крајбрежна стража ја продолжуваат потрагата по настраданите, бидејќи се уште не се знае колку луѓе се наоѓале на бродот.
- Најмалку 33 лица настрадаа и се плашам дека тој број би можел да биде и поголем, изјави градоначалникот на Ајваџик Мехмет Унал Сахин за Си-Ен-Ен Турк.
Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од Ајваџик најверојатно кон грчкиот остров Лезбос.
Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на ОН, над милион бегалци пристигнале во Европа по морски пат.
Ново на Сител
-
Претрес во велешко, приведен крадец
-
Запленет над еден килограм златeн накит во вредност од 4 милиони денари на ГП Богородица
-
Ѓоковиќ опериран, го пропушта Вимблдон
-
Почнува 23-то издание на ОФФ-Фест 2024
-
Најтопло утрово во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе
-
Мицотакис: Патот на Скопје и Тирана кон Европа поминува и низ Грција
-
Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет
-
Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген