Македонија
19. May 2022 - 9:47

По половина век прва заедничка литургија на МПЦ и СПЦ

Со литија пристигнаа поглаварите на МПЦ И СПЦ во храмот „Свети Сава“ во Белград.

Илјадници верници дојдоа да присуствуваат на литургијата. Богослужбата се одвива и на македонски и на српски јазик и истовремено ја служат владиците од двете цркви.

Ова е прва литургија за помирување по повеќе од половина век.

Ова е чекор напред кон крајната цел добивање автокефалност потенцираа вчера од Синодот на МПЦ ОА.

Повеќе во вестите на Сител тв.

 

Мирјана Давидовска