МРТ: Се разгледува можноста за повлекување на Андреа од Евровизија
Македонската Радио Телевизија го осуди за скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка, која го фрли на земја државното знаме.
- Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, се наведува во соопштението на МРТ.
Како што е потенцирано во соопштението, МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување и вели дека Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ. Како и дека против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино
-
Кривична против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица за „злоупотреба на службената положба“