Се продолжува рокот за преговори помеѓу СОНК и Владата
Се продолжува рокот за преговори помеѓу СОНК и Владата, информираат од Синдикатот за образование, наука и култура.
„На средбата неминовен беше заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор иамаат потреба од поголем временски период од 10 дена под покровителство на назначениот помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решавање на работни спорови со оглед на фактот што преговорите се движат во нагорна линија“, се вели во соопштението на СОНК.
Од СОНК информираат дека на денешните преговори двете страни ја утврдија содржината на препораката според која продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН за уште 10 дена во врска со точките кои се предмет на преговори согласно одлуката за организирање на штрајк. Со оваа препорака предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот за усогласување на платите на горенаведените дејности како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.
„Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново туку од таму кадешто е постигната согласност, а со цел изнаоѓање на оптимално решение за страните во насока одговорно решение на настанатито спор“, информираат од СОНК по средбата во Владата.
Ново на Сител
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица