Македонија
21. July 2015 - 10:38

Охриѓанка узурпирала државно земјиште

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44-годишната В.К.В. од Охрид. Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија, со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист.

В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор.