Петровска – Балфорт: Потребен е брз почеток на прегвори на Северна Македонија со ЕУ
Западент Балкан мора да биде високо на агендата на Европската Унија. ЕУ мора да биде решителна и што поскоро да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија, истакна денеска министерка за одбрана Славјанја Петровска на средбата со Јоанеке Балфорт, директорка за безбедносна и одбранбена политика на Европската служба за надворешно дејствување, која е во посета на Скопје.
На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, министерката Петровска се осврна на потребата за видлива и брза европска перспектива на земјите од регионот, која е исклучително важна особено во овие времиња на безбедносни предизвици на континентот.
Таа додаде и дека овој процес влијае и на кредибилноста на Унијата.
Петровска истакна дека заедничката безбедносна и одбранбена политика е уште една алатка за зацврстување на односите со регионот, а надворешната политика на Северна Македонија е целосно во согласност со оваа безбедносна и одбранбена политика на Унијата.
Балфорт од своја страна се согласи дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори.
– Се надеваме дека ќе можеме брзо да ги започнеме пристапните преговори, што ќе даде исклучително позитивен импулс. Северна Македонија е подготвена за овој процес, порача Балфорт.
Таа се заблагодари за целосната усогласеност на надворешната политика на Северна Македонија со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.
Во однос на соработката помеѓу НАТО и ЕУ, Петровска и Балфорт заклучија дека и двете организации имаат заеднички предизвици кои бараат заеднички решенија. Тие истакнаа дека и НАТО и ЕУ мора да работат заедно на многу прашања, особено во градењето отпорност против заканите.
На средбата стана збор и за блиската соработка во градењето на капацитети во справувањето со хибридните закани и особено дезинформациите, како предизвик со кој се соочуваат и земјите од Западниот Балкан и членките на Унијата.
Северна Македонија од 2006 година дава свој придонес во операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина, а од 2020 година е дел и од тренинг-мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
