Руско Министерство за одбрана: Украинските војници во Мариупол ќе бидат поштедени ако го положат оружјето
Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време, пренесуваат странските агенции.
Русија претходно соопшти дека ги исчистила од отпор сите урбани области во Мариупол.
Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал.
Генерал полковник Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален центар за управување со одбраната, рече дека понудата на Москва е поттикната од „катастрофалната ситуација” во фабриката, како и од „чисто хумани принципи”.
„Гарантираме дека животите на сите кои ќе го положат оружјето ќе бидат поштедени”, рече тој.
Според условите на предложениот договор, преостанатите бранители во фабриката треба да ја напуштат во периодот од 6 до 13 часот по московско време, без оружје и муниција.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта