Работилница за „Нови маркетинг технологии за промоција на туристичките патеки во Новаци“
Општина Новаци продолжи со реализација на проектот „Жива историја, жива природа 2“ во чии рамки се одржа работилница за туристички работници на тема „Нови маркетинг технологии за промоција на туристичките патеки на територијата на општина Новаци“.
Експертите ги обучуваа и дебатираа со дваесеттина туристички работници, претставници на туристички агенции и водичи за модерните начини и техники за промоција на богатото културно, природно и историско наследство со кое располага општината, информираа од локалната самоуправа.
- Ова е продолжение на европскиот прекуграничен проект кој го работиме веќе неколку години наназад со општина Алмопиа, Грција. Денешната работилница ја организиравме со цел да ги искористиме сите можни расположливи маркетинг техники за промоција на богатото културно наследство со кое располага општина Новаци и на тој начин да го развиеме алтернативниот туризам, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Богатата агенда на работилницата даде многу можности и начини на размислување како активниот рурален туризам да се стави во функција на локален економски развој на регионот. Работилницата заврши со презентација на начините на вмрежување како современа маркетинг стратегија за промоција на туристичката понуда.
Ново на Сител
-
79-годишник од скопско пронајден починат во неговиот дом
-
16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил
-
Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност на 12 години
-
Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
-
Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија
-
Промена на времето: Доаѓаат дождови и пад на температурите
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк