-->
-->
ЗОИ: Бронзен медал за хокеарите на Словачка
-->
Хокеарската репрезентација на Словачка го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. За Словачка ова е прв медал на хокеарските турнири кои се одржуваат во рамките на ЗОИ.
Словачка во „малото финале“, ја декласира Шведска со 4:0. Клучна за победата на Словеаците беше втората третина, откако првата заврши без голови.
Во втората третина Слафковски во 24. и Такач во 33.минута и донесоа предност на Словачка од 2:0.
Уште два гола Словаците постигнаа во 59.минута, кога Шведска играше без голман. Со вториот гол на натпреварот Славковски зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Регенд.
За златниот медал во Пекинг ќе се борат Русија и Финска. Во 5.10 минути по средно европско време, во недела, Русија ќе ја брани титулата ов Пјонгчанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас