Непречено се одвива изградбата на браната Отиња
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип.
Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри.
Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено.
-Ова е многу значаен капитален објект за Штип и за источниот регион. Инвестицијата е на Министерството за транспорт и на Владата. Работите течат со одлична динамика, се работи на темелот за инјектирање на десното крило на браната. Се прават сите подготовки за изведба на насипот. Ова покажува дека кога има желба и волја, се може да се направи, истакна министерот.
Тој информира и дека заврши постапката за избор на изведувач за водовод Каваклија.
-Избран е и изведувач и надзорен орган. Очекувам до крајот на месецов да почнат ивездувачите со работа. Инвцестицијата е околу 8,5 милиони денари. Паралелно се следи и реализацијатга на крстосницата во населбата Сењак која треба да се реализира кон средината или втората половина на март. Имаме многу инвестици, а преку овој проект во тендерска постапка се уште три улици во населбата Автокоманда со што се дава поддршка и на Општината и на граѓаните, рече Бочварски.
На увидот присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.
Браната почна да се гради во јули минатата година, а рокот на изведба е планиран да изнесува 30 месеци.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори