На 50-годишна возраст почина Весна Најдоска, првата жена возач во ЈСП
Почина Весна Најдоска на 50-годишна возраст, професионален возач во ЈСП, а пријателите и колегите на социјалните мрежи се простуваат од неа, објави Фокус.
Пораките кои ги оставаат блиските сведочат за неа како прекрасна жена, но и неверојатен возач, која големиот дел од животот го минала зад воланот на автобусот.
Синот на Весна, Мартин, открива дека неговата мајка ја имала љубовта кон возењето од млади години. Аплицирала за возач на автобус во ЈСП уште на свои 22 години, но била одбиена.
-Кога ја виделе, млада,на околу 22- 23 години, плус и женско, во тоа време, ја одбиле. Но љубовта кон возењето и останала, па таа подоцна пак аплицираше и беше примена на работа како возач. Мајка ми е помеѓу првите жени возачи во ЈСП. Има многу анегдоти од нејзината работа. На почеток, кога ќе ја виделе патниците, некои од нив дури и не се качувале во автобусот, бидејќи се плашеле. -Ај леле, женско ли ќе не вози, викале, но потоа, со тек на време, кога ја запознале и увиделе дека е одличен возач, без проблем влегувале во автобус, дури и штом ќе ја виделе, знаеле да кажат – Ах, еве иде Шумахер- се присетува синот на Весна.
Најдеска во 2011 година ги урна стереотипите за жени-шофери и како единствена претставничка од понежниот пол меѓу 120 пријавени возачи, го освои вицешампионското место на европското првенство за вешто возење автобуси во Софија.
„Со упорност и многу љубов и се оствари желбата да биде возач на автобус и тоа го правеше посветено до крајот на животот. На 28-ми јануари наполни 50 години, по два дена почина од Ковид-19. Ни остави само убави спомени нам,на билсиките, но и на патниците кои многу ја сакаа, на колегите од ЈСП кои ја ценеа… Се сеќавам дека пред неколку години таа беше во соседна Бугарија, на интернационален натпревар во возење на автобус. Беше единствена жена учесничка, но сепак успеа да освои прво место. Никогаш нема да биде заборавена“, вели Мартин.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“
-
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија
-
Повеќе од 425 лица уапсени на протест во Лондон во поддршка на забранета пропалестинска група
-
Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола