Loading Video...
Свет
3. February 2022 - 16:34

Пентагон испраќа дополнителни воени трупи во Германија, Полска и Романија

Пентагон испраќа дополнителни воени трупи во Германија, Полска и Романија. Русија го осуди овој потег на САД, посочувајќи дека, со ова само се зголемува тензијата, а од друга страна се стеснува просторот за изнаоѓање на политичко решение. 

Пентагон пак, соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени во Полска и Германија, а 1000 кои се веќе во Германија ќе одат за Романија.

Турскиот претседател  Ердоган е во посета на Киев. Земјата има добри односи и со Украина и со Русија и се надева дека  проблемите ќе се решат на мирен начин.

Истото го соопшти и министерот за надворешни работи на Србија кој истакна дека земјата нема да се меша во конфиктот меѓу Русија и Украина. Во меѓувреме Германија одлучи,  да го забрани емитувањето на телевизијата Раша Тудеј во земјата.