Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачка маса“ и да не ја напаѓа Украина.
– Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении, истакна Лавров во интервју што беше пренесено на неколку руски медиуми.
Тој нагласи дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.
– Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани, рече шефот на руската дипломатија.
Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во изминатите недели ги поттикна стравувањата од евентуална инвазија. Русија негира дека планира напад.
Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека постои можност Русија да ја нападне Украина следниот месец.
САД побараа в понеделник да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата со Украина.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот