Врачено уверението за градоначалник на Дебар на Хекуран Дука
Претседателот на Општинската изборна комисија, Рилинд Хаса, му го врачи уверението за градоначалник на Дебар на Хекуран Дука, кој и во изминатите две и пол години беше на оваа функција, посакувајќи му добро здравје и успешна работа.
-Сакам да упатам голема благодарност до сите граѓани на општината за демократскиот изборен процес. Како и до сега и понатаму ќе бидам градоначалник на сите независно од етничка, партиска и друга припадност. Како лекар мое начело е никого да не вратам назад кој побарал услуга. Тоа го почитував и претходните години, а тоа ќе го правам и во овој мандат, како татко на градот. Вратата на мојот кабинет ќе биде отворена за сите. Како што ветив продолжуваме со реализација на веќе започнатите, но и работиме на нови проекти. Сето тоа во интерес на сите граѓани и за еден наш заеднички подобар Дебар, рече меѓу другото Дука.
За избор за градоначалник во Дебар беа одржани два круга, а беше повторено гласањето во едно гласачко место во градот.
Дука, кој е кандидат на ДУИ подржан од СДСМ и коалицијата, беше избран во вториот круг со 138 гласови повеќе од неговиот против кандидат Беким Поцеста, кандидат на Алијанса за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО -ДПМНЕ, кој освои 4.153 гласови.
Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицински факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница со проширена дејност во Дебар од 1994 година.
Минатата недела ОИК им ги врачи уверенијата на 15-те членови на Советот на општината, во кој 6 советници има ДУИ, 5 АА/Алтернатива и по двајца СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Советот се уште не е конституиран.
Ново на Сител
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1