Русија му испрати на Либан сателитски снимки од пристаништето Бејрут пред и по експлозијата
– Русија му испрати на Либан сателитски снимки од пристаништето Бејрут пред и по големата експлозија што се случи минатата година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со неговиот либански колега денеска во Москва.
Руската вселенска агенција Роскосмос минатата недела соопшти дека се согласила да ги обезбеди снимките откако тоа го побарал либанскиот претседател Мишел Аун.
– На барање на либанската Влада, денеска ги предадовме материјалите подготвени од Роскосмос … сателитски снимки и се надеваме дека тие ќе помогнат да се испита причината за овој инцидент. Ова прашање сега привлекува доста сериозно внимание во Либан и се надеваме може да се реши, изјави Лавров.
Во експлозијата, една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, загинаа повеќе од 215 луѓе, илјадници беа повредени и уништи голем дел од Бејрут. Тоа се случи на 4 август 2020 година. Истрагата сè уште е во тек.
Лавров рече дека разговарал и со либанскиот колега Абдала Бу Хабиб за можно учество на руски компании во обновата на инфраструктурата уништена во експлозијата.
Ново на Сител
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Светските лидери го поздравија договорот помеѓу Израел и Хамас
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа