По серијата киднапирања кинески државјани во Африка, Пекинг предупредува да не се патува во ризични области
– По серијата киднапирања на кинески државјани во Африка, Министерството за надворешни работи во Пекинг ги предупреди кинеските граѓани и фирмите кои работат на континентот да не патуваат во некои од поризичните области, јави ДПА.
Повикувајќи ги оние што се наоѓаат во опасните места да заминат што е можно поскоро, портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан денеска пред новинарите потврди дека пет кинески државјани биле киднапирани во Демократска Република Конго.
Киднапирањата се случиле за време на напад на рудник за злато во селото Мукера во источно Конго, рече Жао, додавајќи дека во друг неодамнешен инцидент во Нигерија, биле киднапирани и тројца кинески вработени.
Имаше „големи безбедносни ризици“ во Нигерија и Конго, нагласи Жао, а ниту овие инциденти не се први од ваков вид. Кинеското Министерство за надворешни работи, амбасадите и конзулатите претходно ги советуваа своите државјани да не одат во области со висок ризик, рече тој.
Кина значително ги зголеми своите инвестиции во рударската индустрија во Африка во последните години, што исто така доведе до растечко локално незадоволство кон богатите кинески вработени кои работат во земји како што е богатиот со ресурси Конго, каде животниот стандард е исклучително низок.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки