Концерт на младиот пијанист Петре Штерјов во Велес
Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ концерт-рецитал на пијано одржа Петре Штерјов, млад и успешен 25-годишен пијанист од Велес.
Пред својата публика тој се претстави со дела на Чимароза, Хендел, Хајдн, Лист и Зографски. Делото на композиторот Томислав Зографски од Велес, десетте минијатури оп. 11 биле изведени од авторот во далечната 1955 година во Скопје, а снимката не е сочувана. По 60 години ова беше премиерна изведба од друг изведувач на ова дело на Зографски, што предизвика голем интерс кај присутната публика.
Штерјов изјави дека ова е негов шести солистички концерт во Велес, а имал настап и со соло пејачи.
- Секој настап е посебен и единствен, а одговорноста е секогаш поголема за мене, потенцира Штерјов.
Манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ на Министерството за култура и општина Велес, според Штерјов е многу значајна бидејќи, како што рече, им овозможува на младите уметници кои се уште се образуваат, но и на оние веќе познатите, да се претстават пред публикатата.
Петре Штерјов веќе има завршено со оценка 10 една Музичка академија во Скопје, а сега е на Академијата во Штип во класата на проф д-р Милица Шкариќ. Добитник е на голем број награди и признанија на бројни натпревари по пијано. Добитник е на наградата „Деветти ноември“ на општина Велес за афирмација и промоција на општината во областа на културата и уметноста.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби