Дендиас: Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе во Македонија
Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе од внатрешните процеси во Северна Македонија, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за весникот „Врадини“, а за Договорот од Преспа истакнува дека владите доаѓаат и си одат, но обврските остануваат, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во демократските општества, владите доаѓаат и си одат, но државите и обврските што ги преземаат остануваат. Нова Демократија не гласаше за Договорот од Преспа и имаше остри приговори за конкретни точки, за чии последици, на најинституционален начин предупреди во грчкиот Парламент. Но, не криеше, како по изгласувањето на Договорот, така и од првиот момент кога ја презеде функцијата, дека ќе го спроведе, истакна Дендиас.
Шефот на грчката дипломатија објаснува дека на сите средби и во сите разговори со функционерите од Северна Македонија, соговорниците покренувале две основни прашања: европската перспектива и како Грција може да помогне во оваа насока, како и зајакнување на билатералните врски во сите области, економија, инвестиции, енергија, транспорт и одбрана.
-Од моја страна ја повторив потребата за целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа. Но, истакнав и уште нешто. Нашата земја може, по предуслови, во иднина да стане најдобриот пријател на Северна Македонија. Стабилноста и просперитетот на оваа земја е и во наш интерес. Впрочем, Грција нема никакви претензии од северниот сосед. Секако, немаме никаква причина да зборуваме за внатрешните работи на Северна Македонија. Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која Влада и да произлезе од внатрешните процеси, вели Дендиас.
Во интервјуто, министерот за надворешни работи на Грција потенцира дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, а „европската перспектива и самиот пристапен процес е она што на земјите и народите од регионот ќе им обезбеди стабилност, економски развој, просперитет и демократски реформи“.
Уште еднаш го повторува ставот дека во регионот, освен европските, активни се и други сили „кои имаат за цел да го оддалечат Западен Балкан од Европа, нудејќи им наводна развојна помош, воена соработка, па дури и соработка во образованието“.
-Ги повикуваме, не само Северна Македонија, туку и целиот Западен Балкан да останат посветени на нивниот европски курс и да им свртат грб на силите на изолација и дестабилизација. Исто така, ја повикуваме и ЕУ да ја одржи динамиката на процесот на проширување, за да не им дозволи на земјите од регионот да се вратат на нивното „балканско минато“, порача Дендиас во интервјуто за „Врадини“.
Ново на Сител
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
-

Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми
-

Пет лица нападнале малолетник во Центар, под заканила со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон и го истепале
-

Дедо истепал 21-годишна девојка во Ѓорче Петров
-

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
-

Неколку лица од Сарај испукале куршуми кон 28-годишник, но не го повредиле
-

Три лица напднале маж од скопско, му одзеле пари, па едниот од нив го удрил со пиштол по глава
-

МЕРМС: Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции, вредна 11,11 милиони евра
