Прв лет на „Изиџет“ на релацијата Скопје – Женева
Британската нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ попладне ќе го реализира првиот лет од директната авиолинија Скопје-Женева, со што и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар.
Слетувањето на првиот лет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје е предвидено за 15:05 часот.
Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, по што се предвидени изјави за медиумите.
„Изиџет“ ќе ја опслужува линијата Скопје – Женева трипати неделно.
Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје Женева на „Изиџет“, се предвидени летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен.
Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај.
На двата аеродрома во првите девет месеци од годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
