Уредите за биометриска идентификација на гласачите ги паметат сите податоци внесени на избирачкото место

Уредите за биометриска идентификација на гласачите што ќе се применуваат првпат на локалните избори ги паметат сите податоци од избирачкото место, почнувајќи од тоа кој ракувал со него, колку гласачи се верификувани со отпечаток од прст, колкупати имало обиди за идентификација на еден гласач…
-Она што сакам да го потенцирам е дека овие уреди ги паметат сите податоци коишто се случувале на избирачкото место, кој ракувал со уредот, кој бил најавен со корисничко име – лозинка, во колку часот се најавил, во колку часот се одјавил, колку пати имал обид за верификација со отпечаток од прст еден гласач, така што се она што се случувало на избирачкото место ќе го содржи како податок овој уред и подоцна доколку има потреба ќе може и да се провери, изјави денеска Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК на презентацијата на уредите за биометриска идентификација.
Вакви терминали првпат ќе се користат на локалните избори, а гласачите покрај со нивните лични документи ќе се идентификуваат и преку отпечаток од прст.
Гугучевска објасни дека она што гласачите на гласачкото место треба да го направат е својот десен показалец да го стават на читачот на овој уред за биометриска идентификација, по што уредот доколку гласачот претходно нема гласано и доколку е запишан во изводот од Избирачкиот список за тоа избирачко место, ќе ги прикаже податоците од тој гласач на екранот по што нему ќе му биде дозволено да гласа.
-Доколку евентуално уредот за биометриска идентификација не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прстот на гласачот, во тој случај покажува жолт сигнал дека не е пронајдено совпаѓање или дека евентуално печатокот е со лош квалитет, во тој случај може избирачкиот одбор да пристапи кон идентификација на гласачот со скенирање на личниот документ. Скенерот е во склоп на самиот уред. Доколку и преку скенерот не успее да го идентификува да може истото да се направи преку матичниот број на гласачот. Во тој случај доколку е се ред, доколку гласачот и запишан во избирачкиот список повторно неговите податоци ќе се појават на екранот и ќе му биде дозволено да гласа. Доколку евентуално се појави гласач на гласачко место и истиот сака да се идентификува а веќе гласал, самиот уред со сигнализирање на црвена боја ќе каже дека лицето е веќе идентификувано на тоа гласачко место и нема избирачкиот одбор да му дозволи да гласа, посочи Гугучевска.
Уредите, како што потенцира, таа не се мрежно поврзани.
-Тој во себе ги содржи само податоците на гласачите на тоа конкретно избирачко место и не е поврзано централно, значи нема никакво мрежно поврзување. Податоците од спроведувањето на гласањето се собираат во ДИК откако изборите ќе завршат, додаде таа.
Уредите за биометриска идентификација на гласачите се полнат со батерија и насоките до избирачките одбори се да не чекаат да се испразни до крај батеријата, туку да вклучат полнач во терминалот доколку евентуално видат дека динамиката на празнење се одвива побрзо. Околу електричното напојување, ДИК собрал податоци од терен и констатирано е дека 34 избирачки места биле со проблематично електрично напојување, но во тек е решавање на овие проблеми на терен, така што на денот на изборите очекуваме да нема такви проблеми.
Според неа, со оваа постапка не се усложнува процесот за гласање, така што времето за гласање е исто како и за минатите избори.
-Видовте и самите дека доста брзо се одвива процесот на идентификација на гласачот со овие уреди. Елиминирани се сега ламбата и УВ-спрејот којшто претходно постоеја, така што времето за еден гласач којшто поминал од почетната точка до крајната, до излезот од гласачкото место е исто, како што беше и на претходните избори, рече Гугучевска.
Со идентификација со отпечаток од прст, гласачот веднаш се регистрира во уредот иако не застанал зад параванот за гласање. Доколку се случи тој да се предомисли после влегувањето во избирачкото место и идентификацијата и не подигне гласачки ливчиња, тогаш овие ливчиња во записникот на ИО ќе бидат регистрирани како неупотребени.
-Постапката на гласање се состои од неколку чекори. Првиот чекор е идентификација на гласачот. Во овој случај идентификацијата се одвива на два начина со документ за лична документација и со отпечаток на десниот показалец. Вториот чекор е потпишувањето во избирачкиот список, а третиот е издавањето на гласачките ливчиња, потоа е гласањето позади параван и спуштањето на ливчињата во кутија, посочува Гугучевска.
Појаснува дека доколку дојде до таков случај, лицето нема да биде регистрирано како гласач, тој ќе биде евидентиран во уредот дека веќе бил на гласачкото место.
-Меѓутоа за сите аспекти, за сите ситуации коишто се однесуваат на избирачкото место избирачкиот одбор води дневник за евиденција на настани и во тој дневник се запишуваат сите такви настани со податоците на гласачите кои евентуално би постапиле на ваков начин, така што при сумирање на резултатите нема да се појави таков проблем, бидејќи ќе знае избирачкиот одбор и тоа ќе биде евидентирано дека еден гласач се идентификувал порано, меѓутоа не сакал да ги земе гласачките ливчиња, рече Гугучевска.
Сепак, секој избирачки одбор исто така ќе добие лампа и УВ спреј, коишто се употребуваа до минатите избори, а сега ќе се користат само за лицата што ќе се пријават за гласање еден ден пред изборите односно болни, изнемоштени, лица со Ковид -19 или во изолација итн. Ова во случај доколку се случи да има проблем со функционирањето на уредите за биометриска идентификација, за што ќе биде потребна посебна потврда од ДИК.
-Со поделувањето на избирачкиот материјал секој избирачки одбор ќе добие и лампа и УВ-спеј. Овие лампа и УВ-спреј ќе се користат за спроведување на гласањето на болни лица, за лицата коишто се во изолација или во домашен карантин, така што тие ќе бидат користени и на гласањето во сабота на 16 октомври, меѓутоа и во оние случаи доколку уредот за идентификација е расипан и не може да се поправи, и не може да се замени. Меѓутоа, тоа е процедура која што е посебно третирана од страна на ДИК и за која што ќе треба посебна писмена потврда од ДИК дека избирачкиот одбор ќе може да пристапи кон спроведување на гласањето со лампа и УВ-спреј, објаснува Гугучевска.
Уредот има можност да печати извештај за одзивот на гласачите на гласачкото место на секои два часа.
-Избирачките одбори веќе ги имаат добиено тие инструкции дека на секои два часа ќе треба да го печатат овој извештај. Меѓутоа, тие ќе треба истиот да го јават, податоците да ги јават до ОИК, тоа останува во организација на самата ОИК дали го организира јавувањето телефонски, преку СМС порака итн., меѓутоа, како што кажав овие апарати не се мрежно поврзани за да може да се добиваат податоците на едно место, туку едноставно откако избирачкиот одбор ќе го испечати извештајот треба истиот да го јави по неколку канали за комуникација до Општинската изборна комисија, рече портпаролката на ДИК.
До крајот на неделава треба да пристигнат сите 4000 уреди за биометриска идентификација на гласачите што се набавени од германската компанија „Дермалог“, заедно со систем за нивно функционирање.
Локалните избори се закажани на 17 октомври.
Ново на Сител
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска ќе поднесе своја иницијатива за Анкетна комисија за сите досегашни несреќи
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
-

Ужас во Охрид: 16-годишник силувал 12-годишно девојче додека друг малолетник го снимал
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
