Делегација на европратеници во Бугарија за да се запознае со владеењето на правото
Делегација на европратеници и експерти од Европскиот парламент е во Бугарија со цел да се запознае со состојбата со владеењето на правото.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, делегацијата се состои од 23 лица, вклучува седум европратеници – по еден од секоја политичка група во Европскиот парламент, а останатите 16 лица се експерти, исто така од Европскиот парламент.
Социјалистите ги претставува Елена Јончева. Сите се членови на Мониторинг групата на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи во Европскиот парламент.
Шеф на делегацијата е Софија ин’т Велд од „Обнови Европа“, која е и претседател на Мониторинг групата.
Бугарското национално радио јави дека европратениците ќе се сретнат со бугарскиот претседател Румен Радев, преодниот премиер Стефан Јанев, министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, министерот за правда Јанаки Стоилов, министерот за култура Велислав Минеков, вицепремиерот за европски фондови Атанас Пеканов, јавниот обвинител Иван Гешев, народниот правобранител Дијана Ковачева и пратениците од последниот состав на Национално собрание, како и со генералниот директор на БНТ Емил Кошлуков и двајца независни бугарски новинари.
Групата ќе одржи состаноци со претставници на невладини организации и ќе посвети посебно внимание на слободата на медиумите.
Пред Бугарија, групата од Европскиот парламент ја посети Словачка, каде што се запозна со темите поврзани со слободата на медиумите и реформата на судството.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена