Николовски: Драфт-верзијата за Законот за потекло на имот денеска е затворена
Вицепремиерот Љупчо Николовски ексклузивно во своето гостување во Тема на денот на Сител соопшти дека драфт-верзијата за Законот за потекло на имот денеска е затворена.
- Ексклузивно можам да кажам дека драфт-верзијата е затворена и се решени сите прашања. Ова се информации кои доаѓаат од работната група под водство на Советот на Европа. Сега ќе се разгледува законот од страна на експертите на Советот на Европа, меѓутоа сите кои се внатре, судии, обвинители, чинители, експерти од нашата земја ги имаат решено сите прашања и сега законот по разгледување од страна на експертите на Советот на Европа ќе го отвориме за јавноста и тоа верувам дека ќе биде многу скоро, соопшти Николовски во гостувањето во Тема на денот на Сител.
Вицепремиерот Николовски додава дека ова е закон кој ќе се однесува за сите граѓани.
- Со овој закон ги елиминираме слабостите на кривичната постапка каде имаме луѓе кои велат: „Ќе си лежам во затвор па ќе излезам и имотот ќе ми остане“ - па сега со овој закон имотот не му останува, туку конфискацијата на имотот ќе се врши во граѓанска брза постапка, вели Николовски.
Николовски вели дека истрагите ќе ги води специјализирано одделение во рамки на финансиската полиција.
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред