Пожари беснеат низ Балкaнот
Неколку големи пожари денеска бесенат во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина, објавија медиумите од балканскиот регион.
Повеќе пожари горат во јужните деливи на Грција, меѓу кои поголеми беснеат на грчките острови Закинтос и Скирос и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.
Властите соопштија дека противпожарните служби засега ги држат пожарите под контрола и нема опасност за нивно ширење кон населените места.
Грчката полиција соопшти дека на подрачјето близу Атина што во петокот беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.
Хрватските медиуми јавија дека два големи пожари од синоќа беснеат во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит.
Пожарите на ова подрачје досега уништиле околу 370 хектари површина со трева и нискостеблеста и борова шума.
Со пожарот крај Крижак се борат околу 40 пожарникари со девет противпожарни возила, додека со огнената стихија кај Сплит се справуваат 20-тина пожаникари.
Претседателот на сплитското Доброволно противпожарно друштво, Мирослав Бобан за ХИНА изјави дека пожарот кај Пругови, во неколку наврати се придвижувал кон блиските куќи, но дека пожарникарите го спречиле неговото ширење во тој правец.
Како што јави пак Фена, на подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц се регистрирани неколку пожари, кои зафатиле површини под трева и нискостеблеста шума.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска