Гани ги обвини САД за влошената безбедносна ситуација во Авганистан
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани го обвини Вашингтон за влошената безбедност во земјата, поради одлуката за повлекување на американските војници.
– Причината за нашата сегашна ситуација е што одлуката беше донесена одеднаш, истакна Гани во Парламентот.
Тој додаде дека го предупредил Вашингтон дека повлекувањето ќе има последици.
Претходно, Вашингтон пост објави дека „талибанците го засилуваат притисокот врз некои од најголемите авганистански градови. Тие напаѓаат густи транзитни центри и ја туркаат линијата на фронтот длабоко во урбаните области, првпат откако беа отстранети од власта пред речиси две децении“.
– Мета на талибанците беа аеродромите во Кандахар и во Херат, два големи града во Авганистан и два многу прометни економски центри.
– Нападите означуваат потенцијално клучен момент во конфликтот меѓу авганистанските власти и талибанците, оценува Вашингтон пост.
Претходно, судирите се одвиваа главно во руралните делови на земјата или помалите градови беа на мета на милитантите.
– Нападите од големи размери во Кандахар и Херат, вториот и четвртиот по големина авганистански град, имаат потенцијал да загрозат милиони цивили, посочува Вашингтон пост.
Портпаролот на безбедносните сили, генералот Ајмал Шинвари изјави дека армијата е во состојба на зголемена готовност поради „вонредната ситуација“ во Кандахар и Херат.
Талибанските напади во провинцијата Кандахар траат со месеци, но изминатите денови тие се приближува до центарот на градот.
Ново на Сител
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
