Кандидатот за премиер на Бугарија: Своите браќа нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина

Кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов, предложен од партијата „Има таков народ“, којашто освои најмногу гласови на парламентарните избори, синоќа во гостувањето на бугарската национална телевизија БНТ, во одговор на прашањето дали ќе ја задржи досегашната позиција на Софија кон С Македонија, рече дека ако формираат Влада, нема да водат политика на конфронтација.
– На никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин, или на начин кој се применува од други балкански држави. Но ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес. Како точно ќе го направиме тоа, можеби со ревизија на Договорот или со негово преразгледување. Со сигурност нема да биде насока на конфронтација, рече Николов.
Вчера бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за составување нова влада на Пламен Николов од политичката партија „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Николов изјави дека ќе направи сè што е во негова можност за да формира влада во законскиот рок.
Бугарското Министерство за надворешни работи вчера изрази разочараност што во Собранието е донесена Резолуција за македонските „црвени линии“ во преговорите со Софија. Бугарското МНР наведува дека жалат што Резолуцијата е донесена во време кога, како што наведуваат, билатералниот дијалог започнал да преминува во попозитивна фаза, и изразија очекување дека Резолуцијата ќе биде објавена за да може да ја анализираат и да видат дали одговара со Договорот за пријателство што двете земји го потпишаа.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
-

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ - учениците влегуваа од другата страна
