Штипски „Исар“ почнува со изградбата на дуќани на Градскиот пазар
Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска го потпиша договорот со струмичката фирма, која во рок од 60 дена треба да изгради 14 монтажни дуќани и да го покрие Градскиот пазар во Штип.
Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција рече дека инвестицијата ќе чини 120.000 евра, а секој од 14-те дуќани ќе имаат свои санитарни јазли, со што ќе се подобрат и условите за пазарување на Градскиот пазар.
- Изградбата на 14-те дуќани е прва фаза, втората фаза е покривање на Градскиот пазар. Овие дуќани ќе бидат во сопственост на ЈП „Исар“, ние ќе ги дадеме на лицитација за да ги изнајмуваме. Инвестицијата очекуваме да се врати за две години. Ова ќе биде добро и за самите граѓани на Штип, кои ќе имаат добри услови за пазарување, вели Бојаџиев.
Раководителот на работната единица Градски пазар при ЈП „Исар“-Штип, Димче Колев забележа дека претходно на Градскиот пазар инвестирано е во поплочување на просторот и поставување нови тезги.
- Во моментов просторот на Градскиот пазар е искористен околу 70 проценти од продажните места. Очекуваме платоата, каде што сега ќе се градат дуќаните да имаме околу 100 проценти искористеност. Интерес, конкуренција ќе има за дуќаните, а во овие деловни објекти ќе има разновидна понуда, бидејќи досега имавме ограничени производи кои можеа да се продаваат на тезгите, рече Колев.
Со изградбата на дуќаните и покривањето на штипскиот Градски пазар ќе има вкупно 400 продажни места.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило