Во велешко успешно се спроведува теренската вакцинација против Ковид-19
Екипата за вакцинација при ЈЗУ Здравствен дом Велес денеска посети три села во велешко, односно во Општина Чашка, при што беа вакцинирани 60 лица со вакцина „Синовак“. Од нив девет во село Долно Врановци,10 во Стари Град и 41 во Извор.
Инаку, изминатите денови од теренската вакцинација заедно со денешните вакцинирани се 281 лице од селата Бањица, Еловец, Дреново, Горно Јаболчиште, Мелница, Лисиче, Горно Врановци, Ораовец, Чашка и денешните три села, информира за МИА д-р Марина Тодоровска координатор за спроведување на вакцинацијата во Велес и велешко.
Од започнување на вакцинацијата без термин на двата пункта во амбулантата на ЈЗУ Здравствен дом Велес и во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски досега се вакцинирани 1273 лица, сите со кинеската вакцина „Синовак“.
Теренската вакцинација во селата од Општина Велес, Чашка и Градско продолжува и во наредните денови, како и на двата вакцинални пункта во Велес.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани