Македонија
14. July 2021 - 17:57

Влада: Логото за јубилејот „30 години независнот“ не го содржи државното знаме

По низа натписи во медиумите дека се работи за грешка на логото кое денеска беше претставено, Владата излезе со став и го демантираше истото.

Имено Владата денеска го претстави логото по повод 30-годишнината од независноста по што следеа низа реакции дека логото, односно дека знамето е згрешено и наместо еден има два крака.

Од Влада на „Твитер“ објавија дека воопшто не се работи за сонцето од државното знаме.

-Логото за јубилејот „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!“ велат од Влада.