Македонија
8. January 2016 - 16:55

56 спортски објекти за една година- 2015-тата од Агенцијата за млади и спорт ја оценуваат како најуспешна досега

56 спортски објекти за една година. 2015-тата од агенцијата за млади и спорт ја оценуваат како најуспешна досега .Изградени се Тениски терени, повеќенаменски игралишта, спортски  сали, изврешена е санац ија на повеќе типски игралишта, почнат е со градба пливачкиот базен во Охрид.  Минатата година потрошени биле 210 милиони денари а годинава буџетот на агенцијата е двојно зголемен. Директорот Спасевски вели дека државата се повеќе води грижа за спортот и здравиот живот.  Објектите кои ги гради агенцијата се максимално искористени, а општините треба да дозволат и бесплатно спортување и рекреирање на  терените за сите граѓани.

Спасевки-ние за ова прашање  разговарве и на валда и упативме препорака до сите локални самоуправи два пати неделно да се обесзбеди и термин за сите лица кои ќе сакаат да ги користат терените тоа да им се овозможи да биде без пари и слободно....

Агенцијата продолжува и со директна поддршка за младите таленти и ученици,  годишно доделува по 800 стипендии.  Се работи и на професионално усовршување на 1000 наставници по физичко и здравствено усовршување а во владина поцедура е и  националната стратегија за млади која има за цел да ја подобри општата положба  да ги задоволи интересите и потребите на малдите во земјава.