-->
-->
170 сообраќајни прекршоци во Скопје, 84 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила.
Изречени се 45 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас и три санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица