Македонија
29. March 2021 - 8:40

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за здравјето на граѓаните, здравствениот систем во катастрофална состојба

Здравствениот систем во катастрофална сосотојба, по неколку десеттина умираат секој ден од корона, лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема.

Секако нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал, ниту е доволна оваа количина од Ковакс механизмот, која и доцни.

Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат.

Филипче и Заев за ова не се интересираат.

Зошто би се интерсирале?!

Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат.

Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот.

Ова е Македонија водена од Заев.

На ваквото однесување мора да му се стави крај! За сета оваа негрижа за граѓаните и катастрофата во која е здравствениот систем, Заев и Филипче ќе одговараат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ