Повеќе пари за матичните стоматолози, поголема плата за специјалистите
Стартува зголемувањето за пет денари на капитацискиот бод на стоматолозите, односно од 35 на 40 денари. Со оваа мерка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за зголемување на капитацискиот бод од 14 проценти се опфатени околу 1.146 тимови на стоматолози кои работат во 963 ординации.
Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за годинава, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе биде 75,3 милиони денари годишно. Фондот ќе исплаќа 599,3 милиони денари годишно за матичните стоматолози.
Kапитацискиот бод на матичните стоматолози не е зголемен повеќе од 7 години.
Покрај зголемување на капитацискиот бод на стоматолозите, стартува и зголемувањето за 20 проценти на платите на специјалистите од Стоматолошкиот клинички центар.
Од 1 јули годинава за пет денари ќе се зголеми и капитацискиот бод на матичните лекари, односно од 50 на 55 денари. Со ова зголемување ќе бидат опфатени 1.085 приватни здравствени установи со вкупно 1.527 тимови.
Последното зголемување на капитацијата во делот на матичните лекари беше во 2011 година. Со зголемување на капитацијата на стоматолозите и матичните лекари се опфатени над 2.800 лекари.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите