СДСМ: На Мицкоски му е важно само да ги одбрани криминалците
На Христијан Мицкоски му е важно само да ги одбрани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему не му се важни ни граѓаните, ни правдата па дури ни членовите на неговата партија, соопшти денеска владејачката СДСМ.
-Наместо Мицкоски прв да повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, во кој тајкунот на режимот Орце Камчев, заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков се товари за наводна злоупотреба на 1,3 милиони евра пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ, тој на Камчев му го додели првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител.
На губитникот Христијан Мицкоски, поважен му е Орце Камчев, отколку парите од партиската каса, парите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски ги искористил за купување на плацови од десетици илјади квадратни метри на Водно, се вели во дописот.
Според СДСМ, очигледно големи хипотеките биле на Мицкоски кон Камчев, па затоа опозицијата била прва која му помагала.
-Но неуспешно. Мицкоски е осамен на браникот на криминалот. Затоа изгубен во своите фрустрации опструира и блокира се што е во интерес на граѓаните и државата. Затоа е во опозиција, шест пати по ред поразен од граѓаните, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено