Шефот на ООН предупредува на опасноста милиони луѓе да умрат од глад
Милиони луѓе во светот се изложени на ризик од глад, а пандемијата на коронавирус и климатските промени ја зголемуваат заканата, изјави генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.
– Без итна акција, милиони луѓе ќе дојдат до работ на екстремна глад и смрт, рече Гутереш пред Советот за безбедност за време на состанокот за врската помеѓу храната и безбедноста.
Гутереш рече дека повеќе од 30 милиони луѓе во повеќе од триесетина земји се „на само еден чекор“ од прогласување глад.
– Климатските шокови и пандемијата на Ковид-19 додаваат масло во огнот. Имам едноставна порака: ако не ги храниш луѓето, храниш конфликти, рече тој.
– Гладта повеќе не е поврзана со недостиг на храна. Сега до голем степен тој е создаден од човекот- и намерно го користам терминот. Нема простор за глад во 21 век, потенцираше генералниот секретар.
На крајот на 2020 година, повеќе од 88 милиони луѓе страдаа од акутен глад поради конфликт и нестабилност – зголемување од 20 отсто за една година, рече Гутереш, посочувајќи на трендот на влошување во 2021 година.
Меѓу подрачјата со висок ризик се Сахел, Африканскиот Рог, Јужен Судан, Јемен и Авганистан.
Гутереш рече дека за да се спасат 34 милиони луѓе во области со висок ризик, ООН и нејзините агенции бараат итна мобилизација на 5,5 милијарди долари. Тој најави дека формира работна група за „спречување на катастрофа“, претставена од Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки