Филипче: Матичните лекари да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација
Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари се пријавени многу мал број на граѓани од Гостивар и регионот кои спаѓаат во првата категорија за вакцинација над 70 години. Околу 1.500, близу 6.000 граѓани.
„Апелирам до матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат своите граѓани над 70 години со хронични болести. Граѓаните да се пријавуваат и да ги внесуваат во системот „Мој Термин“, заради тоа што тие ќе бидат првите за вакцинација веднаш после здравствените работници“, рече Филипче.
Тој информираше дека лекарите и медицинските сестри од овој град кои работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани.
„Мислам дека со интензивна комуникација со матичните лекари, преку кампањата која следува треба да се подигне свеста. Тоа е единствениот начин со којшто ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент, ситуацијата во Гостивар е навистина стабилна, под 10тина хоспитализирани пациенти. Но, тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат и да не се носат маските, да се држи дистанца. Се надевам дека граѓаните ќе се приджуваат во мерките, посебно сега кога има зголемен број на пациенти со британскиот сој“, потенцираше Филипче.
Ново на Сител
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност