Филипче: Вакцинацијата ќе почне со кинеската вакцина, сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи
„Во завршната фаза сме од преговорите и во месец февруари првата количина којашто ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе спремниот систем ќе го започнеме со тие вакцини“, ова денеска го изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче по барање на неколку медиуми.
Тој истакна дека за кратко време ќе се знае и точниот датум на испорака на 200-те илјади вакцини, по што јавноста веднаш ќе биде информирана. Со тоа, ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.
Во однос на набавката на кинеските вакцините, Филипче рече дека ние ја преземаме обврската за спроведување на целата логистика околу транспортот. Договорот е директен меѓу компанијата и Министерството за здравство.
На прашањето каков пристап има земјава кон тоа што неколку европски земји се изјасниле дека вакцината на Астра Зенека нема да ја даваат на население над 64 годишна возраст, министерот Филипче потенцираше дека тоа е став на неколку национални агенции, од неколку европски земји. Сѐ уште не е влезено во официјалното упатство, меѓутоа сигурно дека ќе се следат насоките од официјалните европски агенции.
Министерот Филипче рече дека засега немаме разговори за руската вакцина.
„Меѓутоа, сакам да потенцирам дека буквално сите вакцини коишто се сега на пазарот, се безбедни. Немаме задршка кон ниту една вакцина. Сите се развиени на безбедни платформи, едноставно многу тешко се стигнува во овој момент до вакцините. Еве и овие преговори кои ги водиме со Фајзер, ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок. Нема политика, сите вакцини се безбедни и секогаш здравјето е приоритет“, рече Филипче.
Ново на Сител
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец
-
Струмичанец со нож нападнал полицајци кои му кажале дека ќе му го одземат возилото
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент