Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 19 пациенти, вкупно се лекуваaт 284
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало шест приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ осум, а на Инфективната клиника пет.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
Вкупно 284 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 136 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Кумановец измамен за над еден милион денари при купување градежни машини
-
Приведен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода
-
Во септември за 93 лица кривични за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана
-
83-годишник од струмичко со мотоцикл паднал на коловозот и тешко се повредил
-
Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години
-
19-годишник од Скопје во период од 18 дена украл велосипеди и електрични тротинети во вредност од 170.000 денари
-
Уапсени родители од Дебар, ја терале малолетната ќерка да питачи
-
По седум месеци лекување утрово почина Панчо од ДНК