Германија бара од ЕУ да одобри вакцина пред Божиќ
– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изврши дополнителен притисок врз Европската агенција за лекови (ЕМА) пред католичкиот Божиќ да издаде дозвола за употреба на вакцина против Ковид-19 на Фајзер и БионТек.
– Нашата цел е да се одобри употребата на вакцината пред Божиќ, за да можеме да почнеме со вакцинирање оваа година, истакна Шпан.
Притисокот што го прави германскиот министер за здравство врз ЕМА се однесува на вакцината што ја разви германската фармацевтска компанија БионТек во соработка со американскиот Фајзер и која веќе им се дава на граѓаните во Велика Британија, Канада и САД.
ЕМА најави состанок на 29 декември во врска со вакцината, а директорката на ЕМА, Емер Кук, рече дека нејзиниот тим работи „без престан“.
Проблем може да биде и тоа што ЕУ планира да се почне со вакцинација во исто време во сите 27 земји-членки, а Германија веќе е подготвена да почне масовна вакцинација на своето население.
Шпан исто така изјави дека Германија е подготвена во јануари да вакцинира меѓу три и четири милиони Германци со вакцините на БионТек и Фајзер, уште 11 милиони во текот на првиот квартал од следната година и дури 60 проценти од германските граѓани до крајот на летото 2021 година.
Во последните 24 часа во Германија се регистрирани нови 14.432 случаи на коронавирусот и 500 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка
-
Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни
-
Пронајдени шест мигранти, од кои еден е малолетник - уапсени две лица од Турција