Loading Video...
Македонија
13. December 2020 - 16:41

Каракачанов бара целосно спроведување на договорот за добрососедство - тврди дека ја крадеме бугарската историја

Македонсците може да се наречат и Марсовци, дали тоа ќе значи и дека Цар Самоил е од Марс?

Со ова тврдење бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов застана во одбрана на тезата дека Македонија се обидува да ја присвои бугарската историја, а македонците и бугарите се еден народ.

Каракачанов потенцира дека бугарското „не“ за преговарачката рамка не е конечно, но Македонија мора да се придржува до спроведување на потпишаниот договор. За европска интеграција на земјава според буагрскиот вицепремиер е важно да се прекине и јазикот на омраза. Вакавата позиција на Бугарија Каракачанов вели дека нема да се промени ниту по победата на Бајден и промената на американската администрација.

Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри, нагласи Каракачанов.

Истите тези ги потврди и бугарската министерка за надворешни работи на конференцијата во Софија посветена на перспективата на регионот. 

Захариева потенцира дека бугарската поддршка никогаш не била безусловна, но разговорите помеѓу двете земји продолжуваат во обид да се најде излез од ваквата ситуација.