Неделава дополнителни кревети за ковид-пациенти на хируршките клиники
Поставеноста на системот на интерните клиники во Скопје покажа дека добро функционира, дава резултати во поголем број оздравени пациенти и доволен број слободни кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој се сретна со директорите на повеќето скопски клиники во кои се отворени КОВИД-центри, како и со раководството на ГОБ „8 Септември“. На средбата, меѓу другото, како што соопшти Министерството за здравство, беше речено дека на хируршките клиники неделава веќе ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за лекување КОВИД-пациенти, но тие засега остануваат дополнителен капацитет.
Министерот потенцираше дека од клучна важност е да не се намали редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои имаат потреба од лекување.
-Овој критичен период ќе продолжи и во наредните недели, целиот кадар на јавно-здравствените установи е мобилизиран, а притисокот врз болниците очекуваме да продолжи и во следните месеци, затоа од клучна важност е граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД, подвлече Филипче.
На состанокот стана збор за состојбата на пациентите хоспитализирани во КОВИД-одделенијата, усогласеноста и функционирањето на интерните клиники, бројот на слободни кревети и дали здравствените работници имаа дополнителна потреба од заштитна опрема за работа.
Ново на Сител
-
Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа
-
Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати
-
Шведска го отпушти селекторот
-
СЗО бара построга политика за алкохолот во борбата против рак во ЕУ
-
Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени
-
На Радиологија при снимање на МР на пациент на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
-
Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“
-
Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28