-->
-->
Југо се запалило по удар во бетонски столб, возачот починал
-->
На 01.11.2020 во Полициска станица Валандово било пријавено дека околу 05.10 часот, на магистрален пат А1 во близина с.Марвинци, на место викано ,,Надвозник“, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник, при што од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Валандово, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина