Три жени од Кочани и Делчево починаа на штипското Инфективно одделение
Три жени од Кочани поради компликации од коронавирусот починаат на Инфективно одделение во Клиничка болница-Штип.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека две пациентки се од Кочани, а една од Делчево и се на возраст од 49, 61 и 81 година.
Изминатите 24 часа на ова одделение се лекуваат 54 пациенти, со што останат е слободен само еден болнички кревет. Изминатата недела на ова одделение се примаат пациенти во тешка состојба, а денеска таму на кислородна поддршка се над 20 пациенти.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека ангажирани се и лекарите од интернистичките гранки, како и од останатите одделенија, кои им помагаат на двајцата инфектолози и на медицинскиот персонал. Во меѓувреме поради напливот на пациенти се одложи и реконструкцијата на Инфективното одделение, кое преку европски проект од Програмата за Меѓугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија ќе добие нови прозорци, фасада и рампа за лицата со инвалидитет.
-Имаме две опции, едната е да бараме официјално одложување на проектот, а втората е реконструкцијата да се реализира по монтирањето на модуларната болница за ковид пациентите. Средствата треба да се искористат до јуни 2021 година. Се надевам дека напролет во рок од еден месец ќе се реализира овој проект, вели Ѓеорѓијев.
Проектот за реконструкција на штипското Инфективно одделение чини околу 200.000 евра, а фирмата е избрана во март, но засега не може да почне со градежните активности.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите