-->
-->
Следните 48 часа критични за Трамп
-->
Неименуван извор запознаен со ситуацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по потврдата дека тој е заразен со новиот коронавирус, изјавил за новинарите дека показателите за здравствената состојба во последното деноноќие „предизвикале голема загриженост“, што е спротивно со официјалното мислење кое го објавија лекарите во Белата куќа.
„Виталните показатели кај претседателот во текот на изминатите 24 часа беа многу загрижувачки и следните 48 часа ќе бидат критично важни од аспект на неговото лекување. Сѐ уште не сме на јасен пат кон негово целосно закрепнување“, рекол изворот кој го цитираат новинарите акредитирани во Белата куќа.
Притоа не е се соопштува дали неименуваниот извор е медицинско лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми